По повод големиот христијански празник посветен на Св. Василиј Велики, кој воедно е и патрон празник на манастирот во Пониква, ве известуваме дека на 14.01.2026 година (вторник), со почеток во 09:00 часот, ќе се отслужи Света Василева Литургија.
Со Светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Кочанското Архиерејско Намесништво.
Ве покануваме сите заедно, во духот на верата и заедништвото, да присуствуваме на оваа свечена богослужба и да се помолиме за здравје, мир и благослов.
Повелете на заедничка молитва.

