Граѓанин алармира дека влезот пред ЈЗУ Општа Болница – Кочани е целосно блокиран од непрописно паркирани возила. Ова претставува сериозен безбедносен проблем, особено за итните медицински служби, пациентите и возилата на Брзата помош кои мораат да имаат непречен пристап во секое време.
Ваквата состојба е недозволива и директно ја загрозува безбедноста и здравјето на граѓаните. Надлежните институции се должни итно да реагираат, да воспостават контрола и да спречат повторување на вакви ситуации, бидејќи пристапот до болница не смее да биде блокиран под никакви услови.
Апел за одговорност и итни мерки – човечкиот живот мора да биде приоритет.

