По обилните дождови кои целосно го нарушија изгледот на коритото на Кочанска Река и ги уништија тревните површини што со децении беа оставени на самooдржување, повторно се наметнува прашањето: како треба да изгледа овој простор?
Вештачката интелигенција го замислува коритото како минимално уреден, зелен и функционален јавен простор – со стабилизирани брегови, уредени тревници, ниска и висока вегетација и амбиентално осветлување. Наместо запуштен простор реката може да биде уредена градска оаза.


