Над Трајаново Трло и Усова Чешма денес се протега огромна дива депонија, на место кое треба да биде симбол на природа, одмор и чист воздух. Граѓаните со право прашуваат што ќе преземе Општината – дали повторно само повремено чистење и т.н. „акции“, кои досега се покажаа како недоволни и краткорочни?
Проблемот не е само во отпадот, туку во оние што континуирано и несовесно го создаваат. Без санкции, контрола и системско решение, секое чистење е залудно и привремено. Ова е директно уништување на и онака нарушената природа и показател за целосен недостиг на одговорност и човечност.
Потребна е итна и трајна заштита на овој простор: идентификација и казнување на сторителите, постојан надзор, физички бариери каде што е потребно и масовно пошумување на целата територија. Ова е аларм што не смее да се игнорира – природата нема уште многу шанси.



