Изградбата на новиот дом за стари лица во Кочани ќе чини 226 милиони денари и ќе обезбеди сместување за 141 лице. Објектот ќе има регионален карактер и ќе значи значително подобрување на грижата за повозрасните граѓани, не само од Кочани, туку и од поширокиот регион, проектот е започнат уште во 2015 година.
Изработката на проектот за изградба на домот за стари и изнемоштени лица во Кочани чини 1,5 милиони денари, со вклучен ДДВ, средства обезбедени од проектот „Грантова шема за поддршка на Источниот регион“, преку ГИЗ РЕД Програмата за регионален економски развој во Македонија.
На 15 јануари беше отворена понудата за изградба, а до денеска се пријавени пет компании. Во наредниот период ќе се спроведе лицитација за избор на најповолен изведувач на проектот.
Новиот дом ќе се гради на локацијата кај ТППЕ Кочани, додека постојниот стар дом ќе замине во историја. Проектот ќе се реализира со средства обезбедени преку унгарскиот кредит, со што конечно се става акцент на социјалната заштита и достоинствените услови за живот на старите лица.

