Независната советничка група, предводена од Благица Сабовљевиќ-Стоименова, излезе со јасен и аргументиран предлог: наместо измени на ДУП со кои се планира изградба на нови станбени комплекси на просторот познат како „Панаир“, да се изгради мега парк – простор што ќе значи живот, чист воздух и слобода за граѓаните на Кочани.
На Кочани очајно му недостасуваат паркови и зелени површини, особено во деловите каде веќе постојат големи станбени блокови. Станарите, покрај високите цени за квадратен метар, стануваат жртви на прекумерната бетонизација и губењето на секој слободен и зелен простор.
Мега паркот на оваа локација би бил вистинска инвестиција во јавното здравје, квалитетот на живот и иднината на градот. Наместо уште бетон и згради – Кочани има потреба од зелени површини, простор за дишење, рекреација и социјален живот.

