По краткиот снежен бран, улиците во градот останаа чисти и проодни. Службите за зимско одржување вечерва превентивно интервенираат со механизација, посипувајќи песок и сол со цел спречување на појава на голомразица.
Дополнително, видливоста е намалена поради густата магла, поради што се препорачува внимателно и прилагодено возење, како и задолжително носење зимска опрема во возилата.
Апел и до пешаците – да се движат внимателно по тротоарите, каде што има остатоци од снег, бидејќи поради ниските температури можно е нивно заледување во текот на утринските часови.


