Денес имавме чест да бидеме домаќини на македонскиот артист Tyzee и тимот на
Let’s Spread Love од Куманово, во рамки на нивната хумана мисија.
Пријатниот разговор и нивното емпатично сослушување на реалноста што го отсликува нашето секојдневие, за нас беа потсетник дека уметноста, солидарноста и хуманоста имаат моќ да нè поврзат во моменти кога надежта ни е најпотребна.
Ваквите приказни, инспиративни личности и организации, се причината зошто сè уште имаме надеж.
Денес, на наменската сметка на Support Kocani беа донирани 200.000 денари, со кои ќе бидат обезбедени креми за изгореници и останати медецински помагала, со што вкупниот износ на собрани средства од оваа и сите претходни хуманитарни акции сега надминува 400.000 денари.
Во рамки на оваа хумана мисија, средствата беа собрани преку донации од граѓани, при што секоја донација од 500 денари беше придружена со бесплатна USB-картичка со целокупниот музички каталог на Тајзи.
Let’s Spread Love
Им благодариме од срце за нивната хуманост и иницијатива 🫶🏻

