Станарите на улицата Кеј на Револуцијата подолг период се соочуваат со сериозен проблем со подземни води во подрумските простории, каде што е сместен и трансформатор на ЕВН. Денес ситуацијата ескалираше кога ненадејно почна да излегува густ чад од трансформаторот, што предизвика вознемиреност и оправдан страв кај жителите.
На терен интервенираа екипи на ТППЕ Кочани, ЕВН и МВР, по што од безбедносни причини корисниците останаа без електрична енергија сè до целосно решавање на проблемот.
Станарите веќе имаат поднесено барање до инспекциските служби и до ЕВН за детална проверка на безбедноста на овој трансформатор, како и петиција за негова дислокација од подрумските простории поради сериозниот ризик по животот и имотот.
За жал, повторно се покажува дека превенцијата кај нас не функционира – се реагира дури откако ќе се случи инцидент, наместо навреме да се спречи опасноста и да се утврди одговорност.


