Кружниот тек кај Двојниот мост и булеварот „Тодосија Паунов“ се уште еден пример за нестручно и застарено изведување на сообраќајна инфраструктура. Наместо патот да има благ наклон кон страните, а одводните решетки да бидат поставени надвор од коловозните ленти, решението е изведено спротивно на сите современи стандарди.
Денес не постои „идеално рамен пат“. Ваквата изведба директно доведува до задржување на вода, што најдобро се гледа со секое поголемо дожд, кога кружниот тек се поплавува, а одводните решетки не се во можност да ја соберат водата.
Ова можеби било прифатливо во минатото, но денес постојат јасни стандарди и правила кои мора да се почитуваат, особено при нови реконструкции и инвестиции. Јавните пари не смеат да завршуваат во проекти кои од самиот старт се нефункционални и небезбедни.
Време е инфраструктурата во Кочани да се проектира и изведува по современи инженерски решенија, а не по принципот „така се правело порано“.


