Со цел да се растовари секојдневната сообраќајна гужва и да се намали хаосот во централното градско подрачје, се предлага промена на режимот на сообраќај на улиците Димитар Влахов и Иван Милутиновиќ.
Според предлогот, овие улици би биле со еднонасочен режим, со движење на возилата од кружниот тек кај Стришани кон поранешен Црвен крст. На тој начин би се отворила нова сообраќајна „вена“, која ќе овозможи подобар проток на возила и значително ќе го намали сообраќајниот притисок во најоптоварените делови од градот.
Ваквото решение би придонело за побрзо движење, помалку застои и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, особено за луѓето што живеат овде да го избегнат непотребното кружење. Потребна е стручна анализа и тест-период, но вакви конкретни чекори се неопходни доколку сакаме реално да се справиме со сообраќајниот хаос.

