📣ДПД Кочани отвори нов поглавје – влезе во државните ресурси за справување со пожари🔥
🗓️Од вчера, 21.01.2026 година 16 членови на ДПД Кочани се дел од Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено кој е дел од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).✍🏻
🚒Покрај човечките капацитети, на услуга на ДЗС и воедно државата Македонија се и нашите шест возила.🇲🇰
🤝Ова е уште една потврда за нашата досегашна работа и заложба кој беше препознаена од надлежните и ни беше укажана доверба со овој чин на потпишување на договор.📝
🧑🏻🚒Ова за ДПД Кочани претставува уште еден поттик да продолжи да чекори кон дополнителен развој и напредок. Со желба и стремеж капацитетите, како човечки, така и материјално технички се зголемат на што посветено и напорно работиме и многу наскоро ќе бидат споделени новостите🔜
Информираа од ДПД- Кочани

