Иако снежната покривка е минимална, тротоарите во Кочани останаа неизчистени и исклучително лизгави. Ваквата состојба претставува сериозен ризик за безбедноста на пешаците, особено за повозрасните лица и за децата кои мора да одат на училиште.
Доволни се неколку милиметри снег за да настанат повреди и незгоди, доколку навреме не се реагира. Снегот не смее да ги изненадува институциите во зимо – безбедни и проодни тротоари за сите граѓани.

