Кочани оди надолу и тоа е факт што сè почесто се гледа на терен, особено на влезовите во градот. Порано беше пракса секојдневно да се мијат улиците во градот, но со години тоа веќе не се спроведува. Денес, калта од градилиштата останува разнесена по коловозите, без никаква контрола и без редовно одржување.
Нема ниту машинско чистење на улиците, а за да се подобри хигиената и општата слика на градот, неопходно е набавка на ново возило за миење улици. Современите возила имаат вградени млазници на предниот дел, кои овозможуваат поефикасно миење и значително заштедуваат вода, за разлика од старата практика со црева.
Хигиената не е луксуз, туку основна потреба. Ако сакаме почист и поуреден Кочани, мора да има континуирана грижа, современа опрема и одговорност.

