Патот кон Пониква денес сè уште не е целосно исчистен, што го отежнува одвивањето на сообраќајот. Апелираме до сите возачи да бидат крајно внимателни, да ја прилагодат брзината на условите на патот и задолжително да користат зимска опрема.
Воедно, упатуваме апел до надлежните институции редовно и навремено да си ја извршуваат својата работа, со цел да се обезбеди безбедно и непречено движење за сите учесници во сообраќајот. Безбедноста на граѓаните мора да биде приоритет.

