Покрај акцијата „Денот на дрвото“, која важеше за една од најуспешните и најзначајни еколошки иницијативи, кога се засадуваа огромен број дрвја, голема корист имаше и Кочани. Градот доби нови зелени површини, подобар воздух и подигната еколошка свест кај граѓаните.
За жал, изминатите години останува нејасно зошто нема ниту една поголема акција за пошумување. Нема одговор зошто не се реализираат нови проекти, зошто нема општински расадници и што всушност работат надлежните институции на ова поле.
Во време на сериозно загадување и климатски промени, зеленилото не е луксуз, туку потреба. Кочани заслужува континуирана грижа за животната средина, а не тишина и отсуство на визија.

