Кочани е преполн со ударни дупки, а состојбата од ден на ден станува сè полоша. КЈП „Водовод“ секојдневно раскопува нови дупки, кои не се санираат соодветно. Залудно се трошат пари за асфалтирање нови улици, кога истите за кратко време повторно се раскопуваат.
Се поставува сериозно прашање: кој дозволува вакво работење на комуналните служби? Тоа што се нарекува „санација“ најчесто е чиста импровизација – бетонирање на парче или поставување бекатон плочки, без стандард и без трајно решение.
Кој врши контрола и зошто таа контрола изостанува? Комуналното претпријатие е превработено со администрација, а пред извесно време беа побарани уште дополнителни 140 вработувања. Неефикасното работење очигледно стана традиција.
Време е конечно да се стави ред:
– или целосна кадровска промена,
– или строги инспекциски надзори,
– контрола на сите неплаќачи на вода,
– нормално и одговорно функционирање на претпријатието,
– и набавка на соодветна опрема за вистинска санација на ударните дупки.
Не може повеќе „крпење“ со ладен асфалт и двајца вработени што скокаат со чизми по него. Тоа не е решение – тоа е срамота.

