Од денес, 30.01.2026 година, фирмата ДООЕЛ Ски Надја ги презема под стопанисување ски лифтовите на Пониква. Во наредните 10 години, се обврзуваме дека ќе продолжиме да работиме професионално, одговорно и посветено на унапредување, одржување и развој на целокупниот скијачки центар Пониква. Денес го започнуваме новиот проект кој претставува значаен чекор напредок за развојот на зимскиот туризам и спорт.
Ова е остварување на една голема желба, но и почеток на нова приказна исполнета со труд, посветеност и љубов кон планината и зимските спортови.
Ветуваме максимална посветеност, безбедност, подобри услови и уште повеќе насмевки за сите љубители на снегот и скијањето ❤️
Нè очекува нова авантура, многу работа и уште повеќе убави моменти со вас!
Следете нè – доаѓаат убави промени!
Се гледаме во Ски Надја ,познатиот бренд на Пониква 😜🎿⛷️
Известија од фирмата ДООЕЛ Ски Надја

