По реакциите и поплаките на граѓаните за хигиената и условите околу поранешниот хотел „Турист“, општината испрати екипи за расчистување на дел од отпадот. Сепак, состојбата е далеку од целосно исчистена, а проблемите на терен остануваат.
Жителите повторно укажуваат на бесправно поставени бандери, како и на бандера која претставува сериозна опасност и може да падне во секој момент. Наместо целосна проверка, општината одлучи да постави едно улично осветлување без претходно да утврди дали постои дозвола за веќе поставените бандери.
Дополнително, шахтите останаа незаштитени, што претставува директен ризик за пешаците, особено во вечерните часови. Се отвора и сериозно прашање за безбедноста на самиот објект – поранешниот хотел „Турист“, кој со години е запуштен и без соодветен надзор.
Граѓаните очекуваат целосно и системско решение, а не половични интервенции. Безбедноста и хигиената не смеат да се решаваат ад-хок, туку со план, контрола и одговорност.

