Граѓаните сè почесто реагираат за лошата состојба на плочките во градскиот парк, кои не издржаа ниту пет години, а веќе се испукани, искршени и пропаднати. Со право се поставува сериозно прашање: со каков квалитет е изведен целиот проект од страна на фирмата „Исток Мермер“?
Иста е состојбата и во Трговскиот центар – испукани и искршени плочки, целосно распаднати решетки за атмосферска канализација, одлепени и пропаднати површини. Проблемот е идентичен и во паркот и во Трговскиот центар, што укажува на системски пропусти во изведбата и надзорот.
Време е оштетените делови итно да се санираат квалитетно, а плочките околу атмосферската канализација да се заменат со соодветни, издржливи решенија. Ова не се ситни зафати, туку неопходни интервенции за безбедноста на граѓаните и за заштита на јавниот простор.
Овие проекти беа исклучително скапи и реализирани со пари на граѓаните. Токму затоа јавноста има право да бара одговорност, квалитет и трајност, а не нови трошоци за санација на лошо изведени работи.


