На кружниот тек во близина на местото на трагедијата во дискотеката „Пулс“ ќе се изгради крст во чест и спомен на жртвите. Предвидено е крстот да биде висок 16 метри и со ширина од 12 метри, како траен симбол на сеќавање, почит и опомена.
Оваа иницијатива треба да биде поттик и за изградба на крст и спомен-обележје на Споменикот на слободата, кој би бил видлив од сите страни на градот, како што е пракса и во други градови.
Ваквите обележја не се само симболи, туку места на тишина, сеќавање и колективна свест, за трагедиите никогаш да не се повторат.

