Не се одзема возило затоа што на некој така му текна. Се одзема затоа што некој конечно после многу смртни случаеви и незгоди се осмели и реши да има еднаков закон за сите
На улица не се само асфалт и волан.
На улица има деца што трчаат, мајки што туркаат колички, татковци што се враќаат дома, жени што поминуваат пеш, стари луѓе што едвај чекорат.
Има твои деца. Има мои деца. Има наши деца.
Возачка дозвола не е само обична пластична картичка.Таа значи дека знаеш како да спасиш живот, не само како да запалиш мотор. Дека си поминал лекарски преглед. Дека знаеш што значи знак „Стоп“, пешачки премин, предност. Знаеш дека секунда невнимание може да стане доживотна болка.
Никој нема право да каже:
„Само малку возев“,
„Знам јас да возам“,
„Сите така прават“.
Животот не признава оправдувања.
Законот не е против луѓето.
Законот е за да не плачеме утре.
За да не читаме црни вести.
За да не палиме свеќи.
Апел за одговорност на сите инструктори да се посветат максимално на кандидатите, комисиите да рабитат одговорно – не за мито!
Ако сакаш да управуваш возило , биди одговорен човек. Положи. Провери се. Научи ги правилата. Вози технички исправно возило. Зашто патот не е твој. Животот е на сите.

