Вчера (06.02.2026) во 11:53 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на крстосница од улицата „Кеј на револуцијата“, улицата „Браќа Ставреви“ и „Нов мост“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(37) и мопед со кочански регистарски ознаки, управуван од 17-годишник, двајцата од Кочани, се наведува во полицискиот билтен.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од страна на ОВР Кочани.

