Во време кога граѓаните секојдневно се соочуваат со оштетени улици и ударни дупки, се поставува едноставно прашање — дали навистина мора да се чекаат скапи тендери и долги постапки, или постојат поедноставни и поефикасни решенија?
На пазарот постојат комплетни професионални пакети за поправка на асфалт, кои вклучуваат целосна опрема за санација на ударни дупки и одржување на улиците. Ваквите пакети се дизајнирани како „all-in-one“ решение за брзо започнување со поправки со потребно време на санација од само 5 минути за метар квадратен и можат да се користат преку целата година, како економично и практично решение за локалните служби.
Комплетот содржи опрема како инфрацрвен грејач за асфалт, вибрациона плоча за набивање, алати за израмнување и распределување на асфалтот, како и средства за обновување на материјалот — односно сè што е потребно за професионална санација на оштетувањата.
Технологијата овозможува асфалтот да се загрее и омекне за неколку минути, по што може да се обработи, израмни и набие на лице место — без сложени процедури и со значително побрза реакција на терен. Останува дилемата — дали навистина недостигаат средства за ваков тип практично решение, или повторно се оди по патот на поскапи и побавни набавки?
Граѓаните заслужуваат улици што се одржуваат навремено, транспарентно и економично.


