Граѓаните секојдневно реагираат за нефункционалното улично осветлување покрај реката на улицата „Маршал Тито“, но решението никако да дојде. И покрај бројните укажувања, општината како да е упорна да не го реши проблемот — со месеци осветлувањето останува неисправно.
Повеќе портали веќе го посочија овој проблем, а реакциите од граѓаните не запираат. Сепак, на терен нема видлива промена. Наместо конкретна работа и санација на проблемите, јавноста сведочи на посети од амбасадори и министри, додека секојдневните комунални прашања остануваат нерешени.
Граѓаните очекуваат дела, а не протоколарни активности — бидејќи основните услови за безбедност и нормално функционирање на градот не смеат да бидат занемарени.

