Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Штип против Ј.Н., вработена во ПО за БПС Кочани при СВР Штип, поради сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.
Според пријавата, на 13 септември 2025 година, на место викано „Суитлак“ во Штип, пријавената насилно внела во возило колешка – приправник во МВР, по што физички ја нападнала и ѝ го ограничила движењето, не дозволувајќи ѝ да го напушти возилото.
Одделот најави и дисциплинска постапка, а службеничката е суспендирана од работното место до завршување на постапката.
Ова, според јавноста, не е првпат да се појават слични случаи, по што се поставува прашањето дали ваквото функционирање е прифатливо за една институција од ваков ранг. Дилемата што се отвора е како и покрај ваквите инциденти дел од вработените продолжуваат да остануваат во службата и дали ќе има системска одговорност.
Прашањето дали институциите функционираат согласно стандардите и какви мерки ќе се преземат останува да го одговори ресорниот министер.

