Претходниот градоначалник Љупчо Папазов нудеше решение за модерен парк со патеки за спортување и прошетка до Споменикот на слободата. Новиот градоначалник Влатко Грозданов, пак, во својата програма најавува „мега парк“ со поврзување на СРЦ Бавчалук со излетничкото место Гоцева шума.
Но едно е сигурно — парк до Споменикот на слободата – нема да има, бидејќи таму со новот ДУП веќе се предвидени парцели за станбени и деловни објекти и домување.
Останува да видиме дали некогаш ќе се реализира идејата за мега парк. Но јасно е дека еден парк не е доволен — потребни се нови зелени површини, повеќе паркови и вистинско ширење на градот.
Денес сè е концентрирано во центарот, кој се гуши од пренатрупани објекти, без доволно живот, зеленило, мир и простор за одмор на граѓаните.
Време е урбаното планирање да се насочи кон квалитет на живот, а не само кон густина на градба.

