Поминаа 11 месеци од страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ — трагедија што однесе 63 животи. Зад тие бројки стојат судбини, соништа и иднини што згаснаа. Стотици семејства останаа без своите ќерки, синови, браќа, сестри, пријатели, роднини — засекогаш завиени во црно.
Градот повеќе не е ист. Недостигаат луѓе со кои сме растеле, учеле, се смееле и излегувале. Недостигаат гласови, лица и спомени што никогаш нема да се вратат.
Ова не беше обична трагедија. Ова беше системски пропуст — цена платена поради негрижа, корупција и криминал. Болката останува, а прашањата сè уште стојат.
Да не заборавиме. Да паметиме. И да бараме никогаш повеќе да не се повтори.

