По скандалозниот случај со запленети тони марихуана, според неофицијални информации, меѓу 10-те приведени лица има и лица од Кочани.
Во вчерашната голема полициска акција, како што се дознава, бил откриен уште еден камион наводно подготвен за транспорт на марихуана, кој бил пронајден оставен во авто-сервис во Чешиново-Облешево. Полицијата го спречила овој транспорт.
Во јавноста се шпекулира дека едно од приведените лица е бизнисмен, но засега нема официјална потврда.
Се очекува официјално соопштение од со повеќе детали за случајот. Јавноста очекува транспарентност и целосно расчистување на овој сериозен случај.

