По нашата објава за израснатите гранки, општината започна делумно да ги кастри дрвјата на влезот на градот. Го поздравуваме овој чекор, но ова не смее да остане само на почетна и ограничена интервенција. Потребна е пообемна и организирана акција што ќе го опфати целото градско подрачје.
Во многу делови од градот гранките сè уште ја намалуваат прегледноста, го отежнуваат движењето на пешаците и возилата и претставуваат потенцијален безбедносен ризик, особено влезовите на градот се грда слика.
Очекуваме системски пристап, план за редовно одржување и транспарентна информација до јавноста за тоа кога и каде ќе продолжат активностите.
Градот мора да биде безбеден и уреден во секој негов дел, не само на влезот.

