Полињата повторно се во пламен. Густ чад, намалена видливост и опасност за сите учесници во сообраќајот, особено за возилата што се движат по магистралниот пат.
Се кршат низа закони, се загадува воздухот и директно се загрозува здравјето на граѓаните. Секоја година иста слика, ист проблем, исти реакции — а институциите како да немаат одговор.
Зошто нема навремена интервенција? Каде се инспекциските служби во работно време? Дали некој ќе понесе одговорност за ризикот што им се наметнува на граѓаните? Палењето стрништа не е „традиција“, туку сериозна закана за безбедноста, животната средина и здравјето. Време е за конкретни мерки, контроли и санкции — не за молк додека полињата горат.

