Полињата и вечерва горат. Чадот се шири, ризикот расте, а општинските инспектори продолжуваат по старо – без видлива и навремена реакција.
Сценариото е секогаш исто: се чека огнот да се доближи до првите куќи, па дури тогаш се активира целосниот персонал на ТППЕ и ДПД Кочани за да се спасуваат имотите на граѓаните. Оваа застарена пракса е крајно опасна и неодговорна.
Зошто секоја година реагираме кога веќе е доцна? Зошто нема превенција, контроли и санкции пред да се загрози нечиј дом?
Едно е сигурно – градоначалници се менуваат, но општинските вработени остануваат. Ако нема одговорност и работа на терен, општината ќе продолжи да стагнира и да се уназадува. Безбедноста на граѓаните мора да биде приоритет, а не реакција во последен момент.

