Само во 2025 година, ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани фрлило над 656.000 денари за извршители и адвокати. Пари што можеле да бидат наменети за учениците, наставните услови и подобрување на квалитетот на образованието, наместо да завршат кај правници и извршители.
Според документите објавени на платформата „Отворени финансии“, на 27 февруари и 28 јули 2025 година училиштето реализирало вкупно 22 трансакции кон двајца извршители – Славе Дончев и Маријана Кацарска Могилевска. Вкупната сума изнесува 436.335 денари – 22 налози, 22 удари врз буџетот.
Познато е дека извршителите наплаќаат од 10% до 15% од вредноста на предметот. Дури и според најконзервативна проценка, само за трошоци на извршување се платени најмалку 55.000 до 65.000 денари.
Дополнително:
▪ 220.000 денари исплатени на адвокати
▪ 817.019 денари долг само за вода
▪ 436.335 денари за 22 одделни извршни налози – секој со посебни трошоци
Вкупно над 656.000 денари за правни и извршни постапки и 817.019 денари долг за вода – цена на недомаќинско работење што директно го оптоварува буџетот на училиштето.
Прашањето е едноставно: кој дозволил ситуацијата да дојде до извршни налози? И кој ќе понесе одговорност за овие финансиски загуби? Учениците не смеат да бидат жртви на лошо управување. Транспарентноста и одговорноста се неопходни.


