Кратко е прашањето: дали општината размислува што ќе се случи во летниот период кога нашите иселеници ќе се вратат во градот? Ако сега има хаос со сообраќајот и паркирањето, тогаш за неколку месеци состојбата може да стане уште полоша.
Потребни се конкретни мерки: враќање на косото паркирање на улиците каде што има простор, обезбедување нови паркинг-места, средување на хаотичното паркирање низ градот, поставување столбови за заштита на тротоарите и пешачките премини …
Во моментов тротоарите и пешачките премини често се блокирани од паркирани возила, а пешаците се принудени да се движат по коловозот. И покрај бројните проблеми, во градот речиси и да нема поставено заштитни столбови.
Без јасен план и навремени мерки, летото ќе донесе уште поголем сообраќаен хаос – директно на штета на граѓаните. Градот мора да се планира и организира навреме, а не проблемите да се решаваат дури кога веќе ќе излезат од контрола со регулирање на кружен тек со полицајци.

