Општина објави тридневна програма за одбележување на годишнината од трагедијата во дискотеката , во која животот го загубија 63 млади лица. Настаните ќе се одржат од 14 до 16 март и ќе бидат посветени на сеќавањето на жртвите.
📅 14 март (сабота)
Во црковниот храм „Св. вмч. Георгиј Победоносец“ во Кочани ќе се одржи:
• 08:00 часот – Литургија за упокоените
• 09:30 часот – Општ парастос
На градските гробишта во Кочани:
• 10:45 часот – Трисагија за упокоените во трагедијата од 16 март 2025 година.
📅 15 март (недела)
• 09:00 часот – Трчање и возење на релација Штип – Кочани во чест на 63-те загинати.
• 09:00 часот – Прв меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“ на релација Пониква – врв Панаѓур – Осогово.
• 10:00 часот – Кошаркарски турнир во спортската сала „Сашо Лазаров – Чапо“.
• 13:30 часот – Музички и балетски перформанс „Кочани ви благодари“ во НУЦК „Бели мугри“.
• 17:00 часот – Концерт на Марко Виденовиќ и трио „Мевлем“.
• 18:00 часот – Промоција на книгата „Ќе те има“ од Марина Стојчевска.
📅 16 март (понеделник)
Пред дискотеката „Пулс“:
• 02:15 – 02:32 часот – „Светлина што останува“
Во Паркот на Револуцијата:
• 08:45 часот – „63 бели столчиња – 63 животи“ и симболичен мурал „Ѕид на сеќавање“
• 09:00 часот – Прием на гости и делегации
• 10:00 часот – Молитва за упокоените
Во НУЦК „Бели мугри“:
• 10:30 часот – Комеморативен настан „Ден на сеќавање – 16 март 2025“
• 12:30 часот – Меморијал „Недовршени соништа – Секое име е нечиј свет“.
Овие настани се организираат во чест на жртвите и како потсетник дека нивното сеќавање ќе остане засекогаш во колективната меморија на Кочани.

