Поминаа 12 месеци од трагедијата во дискотеката Пулс, а Општина Кочани сè уште не успеа да постави ниту едно обележје во чест на жртвите. Нема споменик, нема меморијално место, нема достојно обележување за најголемата трагедија што ја потресе Македонија.
Дали се чека граѓаните сами да ги постават и сами да ги платат обележјата – како и секогаш?
Парадоксот е уште поголем ако се земе предвид дека споменикот за возачот на Брзата помош, Илчо Гоцевски, е изработен уште пред повеќе од осум месеци од страна на Фајар Филип. За неговото поставување се собрани над 200 потписи од вработени во болницата, поднесени се потребните документи и барања.
Но и покрај тоа, за споменик од само 1 m², Општината сè уште не дава одобрение за поставување.
Граѓаните со право прашуваат:
Дали вака се одбележува годишнината од најголемата трагедија во Македонија?
И дали навистина е толку тешко институциите да обезбедат едно достојно место на сеќавање за жртвите?

