Тешка сообраќајна несреќа се случи на влезот во Кочани, над Градскиот базен – Кочани. Поради несреќата, сообраќајот во овој дел од патот во моментов е целосно во прекин. На местото на настанот се присутни екипи на противпожарната служба, Брзата помош и Министерство за внатрешни работи, кои интервенираат и обезбедуваат помош.
Во тек е полициски увид за утврдување на причините за несреќата. Засега нема официјални информации за состојбата на патниците. Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

