Поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска престојуваше во Кочани, каде оддаде почит на жртвите од трагедијата во дискотеката Пулс.
Коцевски, придружуван од својата ќерка – која, според блиски до семејството, била голем обожавател на групата ДНК – положи свежо цвеќе и ги посети гробиштата каде што се погребани настраданите.
За време на посетата, тој се сретна и се поздрави со родителите и членовите на семејствата на загинатите, изразувајќи им сочувство и поддршка во овие тешки моменти.

