Уредено е посебно место – „Алеја на ангелите“, каде граѓаните можат да застанат, да запалат свеќа, да положат цвет и тивко да им оддадат почит на 63-те ангели кои трагично ги загубија своите животи во трагедијата во дискотеката Пулс.
Пред Алејата е поставен посебен свеќник, наменет за сите оние кои сакаат да одвојат миг тишина и да изразат почит, тага и сеќавање.
Ова место е создадено за сеќавање, тишина и достоинство – простор каде што болката се претвора во спомен, а љубовта кон оние што ги загубивме продолжува да живее.
Нека нивниот спомен живее вечно во нашите срца!

