Молчи Кочани, молчи Македонија. Срцето нè боли, душава ни крвари. Како да се најдат зборови за оваа незамислива трагедија што го снајде нашиот град? Како да се помириме со суровата вистина дека за еден миг, во пламените јазици на „Пулс“, згаснаа 63 млади животи, 63 соништа, 63 светови?
Тие беа нашето утре, нашата гордост, нашата иднина. Секој од нив носеше насмевка, надеж и љубов во срцето. Беа синови, ќерки, браќа, сестри, внуци, пријатели, колеги… Сега се само сеќавање, болка што никогаш нема да помине.
Гледаме во нивните фотографии и гледаме живот, гледаме убавина, гледаме светлина. Не можеме да прифатиме дека таа светлина веќе ја нема. Нивните насмевки нè прогонуваат, нивните очи ни зборуваат за пропуштените прилики, за недоживеаните радости.
Да не го заборавиме и херојот, шоферот од брзата помош Иле Гоцевски, кој цела ноќ, над 20 часа без престан, носеше повредени, си отиде дома да преспие само 2 часа за да се врати и пак да помага. Поради таа глетка од тага и болка, почина во сон.
Ова се нашите ангели, нашите ѕвезди што прерано згаснаа. Нивните имиња никогаш нема да бидат заборавени. Ќе ги носиме во срцата со вечна тага и почит. Кочани никогаш повеќе нема да биде истиот град.
Во овие најтешки моменти, нашите мисли и молитви се со нивните семејства и најблиски. Нека најдат сила во заедничката болка, во поддршката на целиот град, на целата држава. Вашата тага е и наша тага, вашата болка е и наша болка.
Нека почиваат во мир нивните невини души. Нека им е вечна слава!
Вечно ќе живеете во нашите сеќавања:
* Матеј Марковски (2007)
* Тоше Тодоровски (1988)
* Игор Велков (1980)
* Александар Ефремов (1992)
* Филип Стефановски (1988)
* Џоко Ѓорѓиев (2000)
* Владимир Блажев Панчо (1979)
* Дамјан Танески (2006)
* Марија Стрезоска (2001)
* Александар Глигоровски (1996)
* Никола Насевски (2007)
* Андреја Ѓорѓиески (1982)
* Сара Пројковска (1977)
* Мартин Атанасовски (1996)
* Александар Коларов (1981)
* Ѓорѓи Величков (1994)
* Тоше Богданов (1994)
* Александар Ѓорѓиев (1991)
* Александар Петров (1999)
* Ана Коцева (2004)
* Моника Стоименова (1999)
* Кети Милковска (1999)
* Адријан Живков (2000)
* Јове Владимиров (1993)
* Стојанче Стефанов (2001)
* Стефанија Соколова (2005)
* Филип Ивановски (2008)
* Гордан Петрушов (2001)
* Лепа Тасева (1998)
* Сања Христова (1999)
* Марија Шопова (1997)
* Стојанчо Стојанов (1988)
* Александар Карадаковски (1996)
* Александар Стојанов (1986)
* Бојана Закова (1997)
* Драгана Минова (2008)
* Ивона Антова (2003)
* Надица Наумова (2007)
* Ѓорѓи Василков (1999)
* Андреј Стојанов (2000)
* Иван Трајчев (2000)
* Димитар Иванов (2008)
* Иван Величков (1998)
* Стефанија Алексова (2004)
* Сара Алексова (2006)
* Моника Спасова (1998)
* Сара Јорданова (2007)
* Стефан Тасевски (1988)
* Божидар Минов (2001)
* Спиро Стоименов (1998)
* Петар Ивановски (2004)
* Виктор Јорданов (2000)
* Томас Златков (2003)
* Игорче Ѓорѓиев (1976)
* Андреј Лазаров (1999)
* Диме Димитријев (1994)
* Ице Андонов (2003)
* Јорданчо Џамов (1993)
* Павел Христовски (2004)
* Александар Алексов (1986)
* Леонид Велков (2007)
* Томче Стојанов (2003)
* Андреј Панов (2000)
Никогаш нема да ве заборавиме!

