Со велосипедска тура денеска им се оддаде почест на загинатите и на повредените во трагедијата во Кочани. Поаѓањето започна од Паркот на Револуцијата во 10:30 часот, по што учесниците возаа низ Оризари, Прибачево, Грдовци, Мојанци, Подлог и покрај местото на трагичниот настан – „Пулс“, по што турата заврши повторно во Паркот на Револуцијата.
Околу 500 учесници – велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои на овој начин ќе оддадат почит и ќе испратат порака на солидарност и сеќавање на жртвите.
Во исто време започа и првиот меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели”, на релација на Пониква, а во спортската сала се одржа кошаркарски турнир меѓу повредените во трагедијата.
Настанот е дел од повеќедневната програма за одбележување на годишнината од трагичниот пожар, што се случи на 16 март 2025 година во 2:35 часот по полноќ загинаа 63 млади, а над 200 беа повредени.

