Повеќе специјалисти од различни медицински области се вклучени во третманот на повредените од трагедијата во дискотеката „Пулс“, вели докторката на кочанската болница, Катерина Паниќ-Мирчовска.Таа посочи дека во третманот се вклучени психијатри, дерматолози, пулмолози и хирурзи, кои работат со пациентите и ја следат нивната здравствена состојба.
„Организирани се повеќе специјалисти од повеќе специјалности. Психијатрите, дерматолозите, пулмолозите и хирурзите работат со повредените. Вчера имавме повеќе хирурзи од Европа и Балканот на конференцијата и ја искористивме можноста да ги консултираме за понатамошни посложени интервенции“, изјави Паниќ-Мирчовска.
Таа додаде дека во блиска иднина кај дел од пациентите ќе започнат хируршките интервенции, но нагласи дека станува збор за сложени повреди и лузни по изгореници, поради што мора да се постапува внимателно.

