Знамињата пред Општина Кочани повеќе од една година, стојат избледани. Ваквата негрижа кон државните симболи е недозволива и казнива според закон.
Државното знаме и знамето на општината мора да бидат достоинствено поставени, чисти, цели и видливи – тоа е основен израз на почит.
Потребна е итна замена, но и редовно одржување. Исто така, неопходно е и соодветно осветлување, за знамињата да бидат видливи и во ноќни услови.
Порано знамиња имаше и на Споменикот на слободата, на градскиот стадион и пред други институции. Денес, тие речиси и да не се гледаат.
Почитта кон државните симболи не смее да биде занемарена. Време е да се врати достоинството таму каде што му е местото.

