Почитувани граѓани,
Поради планирани активности на електродистрибуција, на 26.03.2026 година ќе има прекин на електрична енергија во атарот на Пумпна станица Грдовци, што ќе предизвика и прекин во водоснабдувањето во Општина Кочани.
КЈП Водовод информира дека прекинот ќе трае од 09:30 до 21:00 часот – односно цели 12 часа без вода.
Ова отвора сериозни прашања за организацијата и подготвеноста на институциите. Дали е нормално цел град да остане без вода толку долг период? Зошто нема инсталирано агрегат за вакви ситуации?
Во нормални услови и во организирани системи, вакви активности се изведуваат во ноќни часови, кога потрошувачката е минимална. Наместо тоа, граѓаните се оставаат цел ден без основни хигиенски услови.
Ова особено ги погодува домаќинствата, угостителските објекти, компаниите каде со стотици вработени без водата е незамисливо.
Незамисливо е угостителски објекти да функционираат без вода – тоа е и нехигиенски и неприфатливо. Илјадници граѓани ќе бидат директно погодени од ваква одлука, што покажува несериозна организација и недостаток на стручност во управувањето со основните услуги.
Граѓаните заслужуваат сигурен систем, а не импровизации кои го нарушуваат секојдневието.

