Граѓанин реагира дека и по 4 месеци, општината не успева да ги отстрани новогодишните украси, кои сѐ уште светат во градскиот парк. Истата состојба е и во трговскиот центар – на дрвјата во тунелот сѐ уште стојат новогодишни сијалици.
Граѓаните со право прашуваат: дали е ова е „подготовка“ за следната Нова година?
Ова е уште еден показател за недостиг на ред и одржување во јавниот простор.
Потребно е навремено отстранување и уредување – затоа што ваквата слика остава впечаток на запуштен град.

