Сѐ повеќе граѓани покажуваат интерес за следење на спортот и повторно се враќаат на Градски стадион Никола Мантов за да ги следат натпреварите на ГФК Осогово.
Но, условите на трибините се далеку под нивото што го заслужува еден ваков клуб и град влезовите се нефункционални, стари и руинирани, нема билетара, една од вратите завршува во приватен двор и е затворена, нема функционални тоалети на ниту една трибина, нема уреден паркинг околу стадионот.
Дури и краток дожд покажа дека е неопходен нов покрив на трибините.
Потребно е итно сите 4 влеза да се стават во функција и да се реновираат, да се уреди и исчисти просторот околу стадионот, да се обезбедат основни услови за посетителите, доколку е скапо реновирањето тоалети, постојат тоалетни кабини кој се изнајмуват.
Стадион со ваква историја заслужува достоинствени услови. Граѓаните сакаат да доаѓаат, да навиваат и да уживаат – но за тоа потребни се минимум стандарди.
Со помош на вештачка интелигенција креиравме и визија како би изгледале две покриени трибини во боите на клубот – доказ дека решенија постојат, потребна е само волја за реализација.


