Граѓаните прашуваат: ќе престане ли „лудилото“ на КЈП Водовод со празнење на контејнерите во период од 02:00 до 04:00 часот, особено во централното градско подрачје?
Во делови каде што контејнерите се поставени на секои неколку метри, бучавата од нивното празнење е огромна и трае повеќе од еден час. Граѓаните постојано се жалат дека не можат да спијат – меѓу нив има деца, постари лица и луѓе кои рано наутро одат на работа.
Се поставува прашањето: зошто не се избере посоодветно време за оваа активност или да се воведат решенија како пластични контејнери што создаваат помалку бучава?
Ваквата пракса директно го нарушува јавниот ред и мир во време кога граѓаните имаат право на одмор.
Потребно е итно да се најде решение – затоа што хигиената не смее да оди на штета на мирот и здравјето на граѓаните.

