Вака треба да изгледаат улиците – со јасно обележани и заштитени велосипедски патеки, безбедно движење за сите учесници во сообраќајот и уреден јавен простор.
Нашата идеја, креирана со помош на вештачка интелигенција, покажува дека со малку волја и добро планирање, Кочани може да стане функционален и современ град.
Со воведување на вакви велосипедски решенија ќе се зголеми безбедноста на велосипедистите, ќе се намали сообраќајниот метеж, ќе се намали потребата од користење автомобили.
Кочани е мал град – не ни требаат скапи и комплицирани решенија, туку практични и паметни безбедни велосипедски патеки и соодветни паркинг места за велосипеди, особено во Градскиот парк и Трговскиот центар.
Ова не е луксуз, туку потреба. Се надеваме дека ваквите идеи ќе станат реалност – затоа што градот може и заслужува подобро.

