По извршен вонреден инспекциски надзор во ресторан ТДВИЛ АЛЕ-ДАР ДООЕЛ Кочани, утврдено е дека е злоупотребена јавна површина од над 400 м², односно станува збор за дивоградба.
Според записникот составен од инспектор од Општина Кочани на ден 03.04.2026 година, при реконструкцијата во 2023 година бил извршен доградбен зафат без соодветно одобрение за градба.
Постојат сомнежи дека токму на оваа локација завршува и еден од влезовите од источната трибина, кој сега е целосно затворен.
Според јавно достапни информации, компанијата остварила значителна добивка:
за 2023 година – 7.384.000 денари,
за 2025 година – 24.756.000 денари.
Во меѓувреме, информирано е дека е затворен уште еден угостителски објект поради неиздавање фискални сметки.
Граѓаните очекуваат доследна примена на законот – без селективност и со еднаков третман за сите.

