Со голема тага и болка се потсетуваме на трагичниот настан во кој изгубивме млади животи денес се навршуваат шест месеци од големата трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кога во еден миг загубивме 62 млади животи – наши сограѓани, пријатели, деца.
Половина година помина, а одговорите сè уште ги нема. Се зборуваше за одговорност, за истраги, за институционални пропусти – но дали навистина ќе има правда за жртвите и нивните семејства, или сè ќе заврши како уште една трагедија покриена со тишина и политички интереси?
Кочани заслужува да знае кој и зошто дозволил ваква катастрофа. Заслужуваме вистината да излезе на виделина, а виновните конечно да ја понесат својата одговорност. Без тоа, болката нема да се смири, а неправдата ќе остане уште подлабока.
Бог да ги прости сите што починаа, а на нивните семејства да им даде сила и утеха да ја издржат оваа незамислива загуба.
Овој настан засекогаш ќе остане црна дамка во нашата заедница и потсетник дека надлежните институции мора да преземат одговорност за безбедноста на младите и граѓаните.
Нека споменот за нив биде вечен.

